Достапни линкови

Земјотрес од 3,9 степени почувствуван утрово во Скопје


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во околината на Скопје, една минута пред да се случи втор земјотрес со јачина од 2,8 степени. Серијата земјотреси со епицентри во Скопското епицентрално подрачје утринава се регистрирани од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија. Првиот земјотрес се случил во 06 часот и 58 минути, а вториот земјотрес во 06 часот и 59 минути.

XS
SM
MD
LG