Достапни линкови

Српската полиција уапси мигрант за обид за убиство


Илустрација.

Илустрација.

Српската полиција во Шид уапси 35-годишен мигрант за кој постои основано сомневање дека во текот на ноќта, по кратка расправа со нож му нанел тешки повреди опасни по живот на 27-годишно момче од Шид.

Повреденото момче е хоспитализирано во Медицинскиот центар во Сремска Митровица, соопштуваат српските медиуми.

На мигрантот му е утврден 48 часовен притвор, а по кривичната пријава за обид за убиство ќе биде изнесен пред јавно обвинителство во Сремска Митровица.

XS
SM
MD
LG