Достапни линкови

Турција го поздрави договорот меѓу САД и Русија


Турција денеска го поздрави американско-рускиот договор за Сирија и се подготвува да обезбеди хуманитарна помош за градот Алепо во северна Сирија во соработка со Обединетите нации, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

САД и Русија усогласија план за воведување прекин на огнот во Сирија и поставување темели за мировен процес, а примирјето ќе стапи во сила в понеделник, на првиот ден од муслиманскиот празник Курбан бајрам.

Турција, која пред нешто повеќе од две недели покрена воена акција во рамките на која влезе на територијата на Сирија, смета дека прекинот на судирите и доделувањето хуманитарна помош во Алепо е од особено значење.

Официјална Анкара нагласува дека ги поддржува напорите да обезбеди примирјето да се одржи и договорот да се транформира во долгорочно политичко решение.

XS
SM
MD
LG