Достапни линкови

logo-print

Започна годинешниот аџилак во Мека


Речиси 1.5 милиони муслимани денеска го започнаа годинешниот аџилак во Саудиска Арабија, бо услови на зајакнати мерки за безбедност. Верниците облечени во лесна ткаенина почнаа да се движат од светиот град Мека во Мина, на околу пет километри од Мека, следејќи ги чекорите на пророокт Мухамед кој ги извршувал истите ритуали опред околу 1.400 години. На изгрејсонце на 11 септември тие ќе одат на планината Арафат, на околу 20 километри источно од Мека каде ќе се соберат на означувањето на кулминацијата на аџилакот. Саудиските власти ја зголемија безбедноста за петдневниот аџилак, за да ја контролира толпата и да се избегнат стампедата во кои минатат година загинаа стотици луѓе.

XS
SM
MD
LG