Достапни линкови

Турската армија бомбардира цели на ПКК


Илустрација.

Илустрација.

Турски воени авиони бомбардираа цели на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на земјата, соопшти турската армија.

Воздушните напади се извршени доцна синоќа во Шемдинли, во округот Хакари, кој се граничи со Ирак и Иран. Уништени се девет цели, се наведува во соопштението на Генералштабот на турската армија.

ПКК е прогласена за терористичка организација од Турција, САД и ЕУ. Курдските бунтовници ја обновија кампањата во јули минатата година. Оттогаш над 600 припадници на турските сили се убиени, како и над седум илјади курдски бунтовници.

XS
SM
MD
LG