Достапни линкови

Клинтон со критики за Трамп за неговото појавување на РТ Америка


Претседателскиот кандидат на Демократската партија во САД, Хилари Клинтон остро го осуди нејзиниот ривал Доналд Трамп, бидејќи се појави на телевизијата РТ Америка - американскиот партнер на руската телевизиска мрежа „Раша Тудеј“, фалејќи го рускиот претседател Владимир Путин.

Клинтон, која вчера водеше капања во Њујорк, рече дека со појавувањето на републиканскиот кандидат на РТ Америка, еден ден откако изјави дека Путин е подобар лидер од американскиот претседател Барак Обама, тој демонстрирал оти не е способен да биде во највисоката канцеларија во земјата.

Критичарите велат дека телевизиската мрежа РТ, која емитува програма на руски и на англиски јазик, е пропагандно оружје во рацете на рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG