Достапни линкови

Најмалку 10 загинати во две експлозии во Багдад


Илустрација.

Илустрација.

Во две експлозии во текот на ноќта од бомбаши самоубијци, пред трговски центар во источен Багдад убиени се најмалку десет луѓе и десетици се повредни, изјавија денеска полициски и болнички службеници.

Првата бомба пред полноќ експлодирала на влезот на трговскиот центар, а втрата експлодирала на паркингот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека немало жртви внатре во трговскиот центар.

Групата на Исламската држава (ИД) ја презема одговорноста за нападот. Во последно време Багдад е погоден од смртоносни напади, повеќето извршени од ИД. Нападите често се насочени на фреквентни локации, како ресторани или маркети во доминантно шиитски населби.

XS
SM
MD
LG