Достапни линкови

Тројца македонски кандидати за судија во ЕСЧП


Јавниот обвинител Јован Илиевски, уставниот судија Наташа Габер-Дамјановска и амбасадорот на Република Македонија во Ватикан Звонимир Јанкуловски, се на листата кандидати за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) која e доставена од Постојаната мисија на Република Македонија во Стразбур до Секретаријатот на Советот на Европа.

Еден од тројцата предложени кандидати треба да ја замени судијката Мирјана Лазарова Трајковска, чиј мандат во Европскиот суд за човекува права истекува кон крајот на годинава.

Како што соопшти денеска Министерството за надворешни работи, листата е резултат на конкурентен национален процес на селекција спроведена од Комисијата за избор на судии при ЕСЧП и советодавна одлука на Владата на Република Македонија.

Комисијата за избор на кандидати на Република Македонија за судија во ЕСЧП e во состав на Никола Попоски, вицепремиер и министер за надворешни работи, Вангелина Маркудова, судија на Уставниот суд на Република Македонија, Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Сулеjманов, член на Совет на јавни обвинители на Република Македонија, Илија Ристовски, државен секретар во Министерството за правда и Ибер Села, професор од Правен факултет на Тетовскиот Универзитет, наведуваат од МНР

XS
SM
MD
LG