Достапни линкови

Времето денеска: облачно со локални поројни дождови


Времето во Македонија ќе бидемалку до умерено облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ-индексот ќе изнесува 5. Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.

Во Скопје умерено облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 27 степени.

До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Од вторник ќе настапи стабилизирање на времето.

XS
SM
MD
LG