Достапни линкови

Франција - ИД стои зад планот за напад на Нотр Дам


Француското Обвинителство соопшти дека трите жени кои планирале бомбашки напад на познатата катедрала Нотр Дам во Париз, имаат врски со групата Исламска држава во Сирија. Францускиот обвиниел Франсоа Молинс денеска изјави дека трите жени биле под команда на Исламската држава. Полицијата соопшти дека кај најмладата жена која има 19 години било пронајдено писмо во кое таа се обврзува на верност кон ИД. Вкупно пет жени и двајца мажи се уапсени во врска со заговорот за бомбаши напад.

Полицијата претходно откри возило полно со боци за гас оставено во близина на катедралата, а возилото припаѓало на таткото на најмладата уапсена. Една од осомничените жени била застрелана и ранета, откако со нож нападнала еден полицаец за време на приведувањето.

Француските власти велат дека повеќето од оние кои Исламската држава ги регрутира во Франција се девојки и млади жени.

XS
SM
MD
LG