Достапни линкови

logo-print

Столтенберг: Турција е важен начин на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека Турција останува силен и многу важен член на НАТО.

„Ние ја поддржуваме Турција, особено со оглед на неодамнешниот обид за државен удар. Ако пучот успееше, тоа ќе беше катастрофа не само за Турција, туку и за целата Алијанса“, рече Столтенберг на прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Столтенберг изрази сочувство за загинатите при обидот за државен удар и изрази восхит од храброста на турскиот народ, кој излегол на улица за да ги спречи бунтовниците.

Зборувајќи за борбата против тероризмот, генералниот секретар на НАТО истакна дека за ефикасно спротивставување против организации како Исламска држава не е доволно НАТО да испрати свои војници, туку треба да учествува и во обуката на локалните сили за безбедност, како што го прави тоа во Авганистан.

На истата прес-конференција, Чавушоглу го покрена прашањето за создавање на зона на забранети летови во Сирија, која ќе помогне за враќање на бегалците.

„Создавањето на оваа зона, сепак е прашање не само на НАТО, туку и на Советот за безбедност на ОН, кој ќе треба да донесе одлука“, рече Чавушоглу.

Министерот најави дека посетата на германски пратеници во турската база Инџирлик, на што инсистира германската влада, може да се случи во октомври.

XS
SM
MD
LG