Достапни линкови

Путин ја прифати оставката на детскиот правобранител


Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати оставката на долгогодишниот Комесар за права на децата Павел Астаков, откако тој пред неколку недели најави дека се повлекува од функцијата.

Тој беше детски правобранител од 2009, но наиде на остри критики во јавноста по неговата забелешка за тинејџерите кои преживаа бродска несреќа во јуни. Астаков за време на посетата на преживеаните, наводно прашал едно момче - Како беше на пливање? Тој вели дека изјавата била извадена од контекст, но десетици илјади луѓе потпишаа петиција за негова оставка. Во несреќата во јуни кога се превртена два помали бродови за време на бура, загинаа 14 луѓе, најголем дел до нив тинејџери.

Астаков потоа изјави дека ќе поднесе оставка откако „искрено позборувал“ со Путин.

Правобранителот беше клучен поддржувач на законот со кој на Американците им се забранува да посвојуваат деца во Русија, а се најде и на насловните откако го бранеше правото на средовечни мажи да се женат со тинејџерки, велејќи дека жените се „веќе збрчкани на возраст од 27 и на мажите им изгледаат како да имаат 50“.

На негово место доаѓа Ана Кузнецова, мајка на шест деца, која има добротворна организација.

XS
SM
MD
LG