Достапни линкови

Обама бара нови санкции кон Северна Кореја


Американскиот претседател Барак Обама ја осуди најновата нуклеарна проба на Северна Кореја и рече дека ќе побара нови санкции против Пјонгјанг. Забелешките на Обама се само дел од осудите од светските лидери откако Северна Кореја соопшти дека со денешната проба ќе се овозможи конечно да изградат оружје кое ќе биде посилно, помално и полесно. Обама се консултирал со лидерите на Јапонија и на Јужна Кореја, откако бил информиран за пробата. Обама вели дека за дополнителни „значајни“ чекори, вклучително и за нови санкции кон Северна Кореја ќе се разговара на Советот за безбедност на ОН.

Западните земји и ОН на неколкупати воведуваат санкции кон Пјонгјанг поради нејзината нуклеарна активност, но без успех.

XS
SM
MD
LG