Достапни линкови

Хан: Турција ќе добие пари за образование на бегалците


Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан најави денеска дека ЕУ кон крајот на месецов ќе потпише договор во вредност од 300 милиони евра со турското Министерство за образование, со цел да помогне во школувањето на околу три милиони бегалци, колку што во моментов живеат во Турција.

Хан, по денешниот состанок со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и турскиот министер за европски работи Волкан Бозкир изјави дека парите кои ги вети ЕУ, ќе и бидат дадени на Турција до крајот на следната година.

Турција и ЕУ, исто така, денеска постигнаа договор за намалување на тензиите кои ги загрозија шансите на Анкара да се приклучат кон Унијата, а до кои дојде после неуспешниот обид за воен пуч на 15 јули.

XS
SM
MD
LG