Достапни линкови

Могерини и турските власти разговарале за Сирија


Шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини изјави денеска дека Европската унија и Турција се согласни дека кофликтот во Сирија не може да се реши по воен пат и дека само политичко решение ќе донесе мир во земјата. Могерини денеска во Анкара разговараше со министерот за надворшна политика Мевљут Чавушоглу и со министерот за европска политика Омер Челик. Тие се согласиле дека ЕУ и Турција треба заеднички да работат на воспоставување примирје во Сирија. Могерини вели дека на земјата и е потребна транзициска власт, како и да се сочува територијалниот интегритет и единството на Сирија.

Во меѓувреме американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров во Женева разговараат за политички договор кој би можело да донесе крај на конфликтот во Сирија.

XS
SM
MD
LG