Достапни линкови

Молдавија против Трансдњестар да се приклучи кон Русија


Лидерот на сепаратистичкиот регион, Евгениј Шевчук.

Лидерот на сепаратистичкиот регион, Евгениј Шевчук.

Молдавија го отфрли декретот од страна на раководството на отцепениот регион Трансдњестар во кој се наведува дека регионот треба да се приклучи на Русија, во согласност со резултатите од референдумот спроведен пред десет години.

На 7 септември на интернет страницата на лидерот на сепаратистичкиот регион, Евгениј Шевчук, беше објавен декрет во кој тој вели дека е време да се спроведат резултатите од референдумот во 2006 година. Тогаш околу 97 проценти од жителите на регионот гласаа да се приклучат кон Русија.

Денеска властите во Молдавија соопштија дека референдумот е незаконски и неуставен и спорведен од неуставни власти. Трансдњестар се отцепи од Молдавија во 1990 година, но не е меѓународно признат.

XS
SM
MD
LG