Достапни линкови

Полиции од балкански земји заедно против тероризмот


Полициските служби од Македонија, Србија, Албанија и Косово ќе ја интензивираат соработката и размената на податоци во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Ова е договорено на денешната регионална конференција што се одржува во Скопје во организација на Бирото за јавна безбедност со посредство на Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово.

„Тероризмот и организираниот криминал претставуваат глобален проблем и закана. Терористичките напади коишто се случија во Франција, Турција и во Германија и кои предизвикаа голем број човечки жртви и огромна материјална штета претставуваат јасни индикатори дека овој феномен мора да се решава на глобално ниво“, изјави шефот на Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово, Оливер Хофман.

Следната конференција на која четирите држави од Западен Балкан ќе разговараат за теми од организираниот криминал и тероризмот ќе се одржи на Косово.

XS
SM
MD
LG