Достапни линкови

Трамп: неверојатно е Русија да се меша во изборите во САД


Американскиот републикански кандидат Доналд Трамп за телевизијата РТ Америка, американски партнер на руската телевизиска мрежа „Раша Тудеј“, изјави дека е неверојатно Русија да се обидува да влијае врз американските избори. Трамп беше интервјуиран од американскиот новинарски ветеран Лари Кинг кој во четвртоците има свое шоу на оваа телевизија. Трамп деновиве е критикуван за неговите пофалби за рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG