Достапни линкови

Русија испраќа конвој со помош за Македонија


Руското министерство за вонредни состојби соопшти дека ќе испрати хуманитарен конвој за Македонија како помош на настраданите од поплавата во почетокот на август во Скопје. „Камиони на министерството се подготвени во центарот за спасување Ногинск во близина на Москва да ја испорачаат хуманитарната помош за македонското население. Станува збор за пет возила кои носат генератори за струја, пумпи и конзервирана храна“, соопштено е во Москва. Камионите наскоро ќе заминат во Македонија во согласност со барањето на македонските власти.

XS
SM
MD
LG