Достапни линкови

Северна Кореа извела нуклеарен тест


Потресот во Северна Кореа што се случи изутринава најверојатно бил предизвикан од нуклеарен тест. Тоа би била третта подземна експлозија и најголема досега, соопштија властите во Јужна Кореа. Американскиот Геолошки институт соопшти дека потресот бил со сила од 5,3 степени и оти тој бил детектиран во близина на местото каде што во јануари годинава беше изведена четвртата нуклеарна проба. Според јужнокорејските експерти, експлозијата била со сила од 10 до 30 килотони, што би било најмоќната бомба која Пјонгјанг ја тестирал досега.

XS
SM
MD
LG