Достапни линкови

Белорусинот со руското знаме исфрлен од Параолимпијадата


Официјален претставник на белоруското Министерство за спорт е исфрлен од Параолимписките игри во Рио, откако маршираше со руско знаме на отварањето на игрите, одлучи Меѓународниот параолимписки комитет. Од Комитетот денеска објавија дека Андреј Фомачкин се исфрла од игрите во Бразил, затоа што носел руско знаме на церемонијата. Комисијата претходно му забрани на рускиот параолимписки тим да настапи на натпреварувањата, поради скандалот со допинг. Портпарол на Меѓународниот комитет, рече дека Фомачкин бил гостин на параолимписки комитет на Белорусија, а не член. Тој рече дека и делегацијата на Белорусија добила предупредување поради политичкиот протест.

Oд Кабинетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко рекоа дека тоа е гест на поддршка за рускиот параолимписки тим на кој му беше забрането да се натпреварува во Рио.

XS
SM
MD
LG