Достапни линкови

Русинот кој ловеше покемони во црква во домашен притвор


Рускиот блогер против кого се води кривична истрага оти објави видео на кое тој „лови покемони“ во руска православна црква, е префрлен во домашен притвор. Судот денеска одлучи блогерот Руслан Соколовски да биде префрлен дома. Тој објави видео на Јутуб на кое се гледа дека тој ја игра играта и покрај предупредувањето да не се бркаат покемони во верски објекти или во близина на државната граница, оти прекршителите може да се соочи со кривична пријава.

Властите го обвинија Соколовски за поттикнување на верска омраза. Амнести интернешнал остро го критикуваше апсењето на блогерот.

XS
SM
MD
LG