Достапни линкови

Клинтот го критикуваше Трамп за изјавата за Путин


Навредлив и страшен е говорот на Доналд Трамп во кој тој го пофали претседателот на Русија, рече кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон. Вчера двајцата кандидати се појавија на форумот за безбедност, организиран од телевизијата Ен-Би-Си, на кој се зборуваше за националната безбедност. За време на форумот Трамп го нападна претседателот Барак Обама и го пофали рускиот претседател Владимир Путин. Трамп рече дека Путин е подобар лидер од Обама.

„Изјавата на Трамп не само што не е патриотски, туку е и навреда за луѓето од нашата земја, како и на нашиот врховен командант, тоа е страшно“, рече Клинтон за изјавата на Трамп.

XS
SM
MD
LG