Достапни линкови

Папата ќе се сретне со семејствата на жртвите од нападот во Ница


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, на 24 септември ќе ги прими семејствата на жртвите и преживеаните од нападот во Ница. Папата жестоко го осуди нападот во кој загинаа 86 луѓе, а 434 беа повредени и изрази солидарност со францускиот народ. Тој ќе ги прими преживеаните и семејствата на загинатите без разлика на која вера и припаѓаат, соопштија француските власти. Половина од жртвите се со муслиманска вероисповед. Папата пред неколку недели го прими и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој му се заблагодари на утешните зборови по нападот во Ница, како и по подоцнежниот напад на црква во Нормандија, кога беше убиен свештеник.

XS
SM
MD
LG