Достапни линкови

logo-print

Спортисти и тренери добија државна награда „8 Септември“


На Андон Дончевски, Агим Ејупи, Сашко Поповски, Добре Маринков и Фоти Ѓатовски денеска во Собранието на Македонија им беше врачена државната награда „8 Септември“, која се доделува во областа на спортот, односно за остварувања на спортисти, тренери и спортски работници.

Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Македонија на меѓународен план ја доби Андон Дончевски.

Награда за остварување во областа на спортот во 2016 година, петта откако се доделува признанието, добија и Сашко Поповски за своите активности во ватерполото (репрезентативец и селектор), Добре Маринков, Фоти Ѓатовски и Агим Ејупи за борење.

XS
SM
MD
LG