Достапни линкови

Германските пратеници може да ја посетат базата Инџирлик


Турските власти ја укинаа забраната за германските парламентарци кои повеќе од два месеца чекаат да ги посетат своите војници во базата Инџирлик, каде што се сместени војници на НАТО.

Забраната беше воведена откако на почетокот на јуни Бундестагот го прогласи за геноцид однесувањето на Отоманската империја во Првата светска војна кон ерменскиот народ.

Германскиот министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја поздрави одлуката на турските власти.

Посетата на германските пратеници, која дополнително ги наруши затегнатите турско-германски односи и поради која Германија се закани дека може да ги повлече своите војници од Инџирлик, сепак нема да се случи веднаш, туку најверојатно следниот месец.

XS
SM
MD
LG