Достапни линкови

Турција - притвор за генерали, се апсат бизнисмени


Турските власти денеска издадоа налог за притвор на шест генерали и десетици воени лица, во рамки на истрагата за неуспешниот обид за преврат во земјата, јави државната агенција Анадолија. Налозите ги издаде канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул. Полицијата денеска уапсила и 16 турски бизнисмени во Истанбул. Истовремено, продолжува истрагата и против други 21 осомничен бизнисмен за членство во движењето на Фетулах Ѓулен.

Околу 5.000 воени лица добија отказ по неупешниот пуч, меѓу кои и најмалку 150 генерали и адмирали. Околу 43 илјади луѓе се отпуштени во јавните установи, десетици илјади се наоѓаат во притвор заради испрашување, а повеќе од 17 илјади интелектуалци, војници, новинари се уапсени.

XS
SM
MD
LG