Достапни линкови

Премиерот на Ерменија си поднесе оставка


Ерменскиот премиер Ховик Абрахамјан си поднесе оставка, оти неговата влада не успеала да одговори на многу економски и политички предизвици со кои се соочува земјата. Тој денеска за последен пат како премиер преседаваше со состанокот на владиниот кабинет. Тој вели дека на Еремнија и треба нов почеток.

Овој потег доаѓа само неколку недели откако претседателот Серж Саркисијан предложи влада на национално единство.

Абрахамјан беше назначен за премиер пред две години, но економијата забележа остар пад минатата година. По тоа земјата ја зголеми својата независност од помош и инвестиции од Русија, вклучувајќи и средства од Ерменци кои работат во Русија.

Владата, исто така, се соочува со насилство во отцепениот регион Нагорно-Карабах, а во јули вооружени лица зазедоа полициската станица со барање да се ослободи затворен опозициски политичар.

На местото на Абрахамјан се очекува да дојде Карен Карапетијатн, поранешен градоначалник на главниот град.

XS
SM
MD
LG