Достапни линкови

Грчко - бугарски патроли против илегалните мигранти


Грчката и бугарската полиција треба да започнат заеднички патроли долж грчко-бугарската и бугарско-турската граница, во обид да ги спречат илегалните мигранти да го продолжат својот пат преку балканската рута.

Грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас ова го договорил со министерот за внатрешни работи на Бугарија Румјана Бачварова за време на неодамнешната посета на Софија.

Официјален претставник на полицијата кој бил вклучен во планирањето на заедничките патроли за „Катимерини“ изјавил дека и Грција и Бугарија се под притисок од стана на Европа да ги запрат мигрантите и бегалците кои влегле во Грција од Турција и сакаат да стигнат до Централна и Западна Европа.

XS
SM
MD
LG