Достапни линкови

logo-print

Трамп: Путин е подобар лидер од Обама


Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп повторно го пофали рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи дека тој бил подобар лидер од претседателот Барак Обама. „Путин има голема контрола врз земјата. Тоа е многу поразличен систем и мене не ми се допаѓа. Но, секако во тој систем тој е многу подобар лидер од нашиот“, рече Трамп во една телевизиска емисија. Запрашан што би направил за намалување на тензиите во односите меѓу Москва и Вашингтон доколку биде избран за претседател, тој изјави дека ќе имал „многу добри односи со Путин“. „Зарем нема да биде прекрасно ако работиме заедно за да ја истераме во пеколот Исламската држава?“, реча тој. Претходно Трамп предложи зголемување на воените трошоци.

XS
SM
MD
LG