Достапни линкови

Македонија одбележува 25 години независност


Во Македонија денеска се одбележуваат 25 години од референдумот одржан на 8 септември 1991 години на кој над 95 насто од граѓнаите се изјаснија за независност на земјата од поранешна Југославија. Волјата на народот за самостојна и суверена држава беше потврдена на 25 септември 1991 година, кога беше усвоена Декларација за независност во првиот повеќепартиски македонски парламент. На 17 ноември истата година беше донесен и новиот Устав на Република Македонија. Во синоќешното обраќање на свечената академија по повод 8 Септември, претседателот на Македонија Ѓорге Иванов повика на помирување и сплотеност околу државните интереси. „Не смееме да дозволиме горчината на нашата генерација да им ја пренесеме на наредните“, рече Иванов.

XS
SM
MD
LG