Достапни линкови

Во Турција се прави место во затворите за „пучистите“


Турските власти ослободуваат места во пренатрупаните затвори. Ослободени се околу 7.450 осуденици и 28.522 лица на кои им се суди, а кои ја чекале одлуката на судот.

Турските затвори се пренатрупани поради апсењата на илјадници граѓани по обидот за воен преврат, што беше извршен на 15 јули. Врз основа на надлежностите добиени по воведувањето на вонредната состојба во земјата, Владата донесе указ што предвидува предвремено ослободување на околу 38.000 затвореници, кои сега се под специјален надзор.

Министерот за правда Бекир Боздаг прецизира дека на долгоречен план реформата ќе зафати вкупно околу 93.000 затвореници. Тој истакна дека мерката не претставува амнестија и се оденесува само на лицата осудени за кривични дела извршени пред 1 јули 2016 година. Таа нема да ги зафати осудените за тероризам, убиство со умисла, домашно насилство, сексуални кривични дела.

XS
SM
MD
LG