Достапни линкови

Талибанците заземаат нова територија во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека талибанските борци се наоѓаат на два километри од главниот град на провинцијата Урузган, Тарин Кот. Тие стравуваат дека градот ќе падне во рацете на талибанците, ако авганистанската влада не обезбеди поддршка од воздухот и засилување на безбедносните сили во градот.

Авганистанските сили поддржани од американските војници се фокусирани на борбите во јужната провинција Хелманд и во северниот град Кундуз, со што останатите места се оставени да бидат лесна цел за талибанците.

Владините сили, исто така, се борат со Исламска држава во источната провинција Нангархар.

Талибанците потврдија дека презеле 15 владини контролни пунктови, вклучително и „стратешка воена база“ во близина на Тарин Кот.

XS
SM
MD
LG