Достапни линкови

Германската влада застана зад Дојче Веле во врска со Турција


Германската влада застана зад државниот радиодифузен сервис, откако менаџерите ја обвинија Турција дека грубо ја крши слободата на печатот. Обвинувањата уследија откако турските власти ги конфискувале видео снимките на кои имало интервју со министерот за млади и спорт.

Дојче Веле вчера соопшти дека вработени во Министерството ја заплениле снимката неколку минути по снимањето, оти портпарлот на министерот не дозволил да се емитува интервјуто во кое, меѓу другото, се зборува и за неуспешниот обид за воен удар во земјата.

Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт денеска рече дека слободата на печатот е високо ценета и тоа е прашање за кое не треба да се преговара, како во Германија, така и во странство.

Генералниот директор на Дојче Веле Питер Лимбург вели дека одземањето на снимката е „чин на насилство на турскиот режим“, додавајќи дека во Турција веќе не се почитува владеење на правото и демократијата.

XS
SM
MD
LG