Достапни линкови

Обвинителството испитува пилоти во врска со несреќата


Во Основното јавно обвинителство во Скопје во тек е испитување на двајца пилоти од Италија по вчерашната авионска несреќа во која кај село Кожле се урна приватен авион. Двајцата пилоти биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Испитувањето, соопштува Обвинителството, се врши за прибирање податоци и информации.

Основното јавно обвинителство Скопје за истражните дејствија за несреќата, во која загинаа сите шест патници, ангажира стручно лице компетентно за тој вид несреќи.

Увидот на местото на несреќата, се врши од страна на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, кои раководат со увидните екипи од надлежните органи. И покрај тешко пристапните услови, велат од ОЈО; се координираат и преземаат мерки за прибирање и утврдување на фактите и причините за несреќата.

XS
SM
MD
LG