Достапни линкови

Кремљ реагираше на санкциите од САД


Проширените американски санкции кон Русија не се во согласност со разговорите за можна соработка меѓу двете земји, соопштува Кремљ.

„Ова не е во согласност со разговорите за можна соработка во чувствителните области за кои разговараа двајцата претседатели“, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Барак Обама, се состанаа на маргините на самитот на Г20 во Кина.

САД на 1 септември објавија нова рунда санкции против 37 физички лица и компании, заради улогата на Русија во Украина.

Песков сугерираше дека Москва ќе одговори на ист начин по анализата на санкциите.

XS
SM
MD
LG