Достапни линкови

Обвинение против снимателката која клоцаше мигранти


Унгарското обвинителство поднесоа обвинене против снимателката која клоцаше мигранти во близина на јужната граница со Србија минатата година.

Обвинителството денеска соопшти дека снимателката Петра Ласло е обвинета за нарушување на мирот, додавајќи дека немаат докази за сторено расно мотивирано дело. Камерманката беше отпуштена од работа во телевизијата Н1, откако на интернет се прошири снимката на која се гледа како таа сопнува, а потоа клоца една девојка и еден човек. Ласло вели дека во тој момент била во паника оти мигрантите го пробиле кордонот и се чувствувала дека е под напад.

XS
SM
MD
LG