Достапни линкови

Сириската опозиција претстави план за политичка транзиција


Главната опозициска преговарачка група во Сирија соопшти дека подготвиле план за политичка транзиција во земјата. Вишиот Преговарачки комитет во кој се собрани претставници на политички и вооружени фракции на опозицијата во Сирија, денеска во Лондон го претстави својот план.

Планот предвидува преговорите меѓу опозицијата и владините претставници да траат шест месеци и да бидат придружени со примирје.
По што претседателот Башар ал-Асад ќе ја предаде власта на влада на национално единство што ќе управува со земјата 18 месеци и ќе организира избори.

Министрите за надворешни работи од групата Пријатели на Сирија, кои ја поддржуваат опозицијата ќе разговараат за предлозите подоцна денеска. Претходно пропаднаа меѓународните планови да се стави крај на конфликтот.

XS
SM
MD
LG