Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија


ЕУ ги продолжи санкции кон Русија кои ги воведе заради нејзината улога во Украина. Со тоа останува одлуката да им се замрзнат финансиските средства и визна забрана за 146 луѓе и на 37 организации, кои според Унијата се закана за територијалниот интегритет на Украина.

Земјите членки на ЕУ денеска ја донесоа одлуката за продолжување на санкиите, порано од крајниот рок 15 септември. За првпат санкциите беа воведени во март 2014 година како одговор на руската анексија на Крим.

Со санкциите се опфатени компании во Крим, разни баталјони формирана од страна на проруските сепаратистите во источна Украина, како и руски политичари.


Економските санкции на ЕУ кои се насочени кон енергетскиот, воениот и финансискиот сектор на Русија пак се до 31 јануари, а за нивно обновување ќе се дискутира на самитот на ЕУ во октомври во Брисел.

XS
SM
MD
LG