Достапни линкови

Италијанци и Косовци жртви во авионската несреќа


Илустрација.

Илустрација.

Делови од урнатиот авион, мобилни телефони и пасош, пронашле досега надлежните институции кои вршат увид на местото на авионската несреќа кај велешкото село Кожле. Таму вчера попладне се урна приватен авион при што загинаа сите шест патници. Авионот со германски регистарски ознаки полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје за дополнување на гориво.

Како што објавија италијанските медиуми, со авионот управувал 59 годишниот пилот Франческо Монтањер, кој бил претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“. Со него биле и потпретседателот на клубот, 62 годишниот Дарио Бастасин, Лука Дале Муле, одговорен за администрацијата во клубот, и Ангело Калегари, како и Иларија Бертио и Висар Бегај од Косово, кои имале и италијанско државјанство.

МВР во координација со другите надлежни институции работат на утврдување на сите поединости за авионската несреќа.

Според италијанските медиуми, причината за падот на авионот ќе мора да ја утврди експертски тим бидејќи „Пајперот“ нема црна кутија.

XS
SM
MD
LG