Достапни линкови

logo-print

Блиски средби на ирански и американски бродови


Американски воен брод бил принуден да го смени курсот за да се спречи судир со борбен брод на иранската исламистичка Револуционерна гарда во Персискиот залив, соопшти Пентагон. Инцидентот се случил на 4 септември и е четврти во изминативе неколку дена. Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис изјави дека иранските потези биле небездени и непрофесионални и би можело да водат до катастрофални грешки. Пентагон прецизира дека само годинава во Персискиот залив имало над 30 такви инциденти, што е двојно повеќе од лани.

XS
SM
MD
LG