Достапни линкови

САД со честитка за Денот на независноста на Македонија


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери, во име на претседателот Брак Обама и на американскиот народ, упати честитка до македонските граѓани по повод 25 годишнината од независноста на Македонија. „Овој значаен јубилеј им нуди на нашите две земји можност да размислат за силата на нашето пријателство во текот на изминатиот четврт век. Македонија има направено голем напредок во својот развој од независноста, а Соединетите држави се горди што го имаат поддржано секој чекор на вашата земја на тој пат. Нашата историја на соработка во областа на безбедноста, трговијата, добро владеење и поттикнување на врските меѓу луѓето ја истакнува ширината на нашите односи. И во иднина Соединетите држави ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во тековните напори да се изгради инклузивно, просперитетно и демократско општество, што ќе им овозможи развој на сите во Македонија. Честитки за овој значаен јубилеј во историјата на земјата“, се наведува во честитката на американскиот државен секретар Џон Кери.

XS
SM
MD
LG