Достапни линкови

Времето денеска: облачно и свежо со врнежи од дожд


Во Македонија ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во југозападните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 17, а дневната од 16 до 22 степена. Во Скопје ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе бидат послаби. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 19 степени.

XS
SM
MD
LG