Достапни линкови

logo-print

Исчезнал авион во околина на Скопје


Илустрација.

Илустрација.

Приватен авион со германски национални ознаки кој превезувал шест патници исчезнал од радарот на Контролата на летање на скопскиот аеродром „Александар Велики“, на 10 километри од влезно-излезната писта.

Министерството за внатрешни работи информира дека случајот попладнево во 17.40 часот го пријавила Контролата на летање.

Авионот полетал од Тревизо, Италија, и во Македонија бил уредно пријавен за дополна на гориво. Од МВР посочуваат дека тој се уште не е лоциран и се работи на негово пронаоѓање.

XS
SM
MD
LG