Достапни линкови

Меркел: Сите барања за азил ќе бидат разгледани


Германската канцеларка Ангела Меркел очекува барањата за азил од мигрантите кои минатата година дошле во Германија да се разгледаат во првата половина од следната година. Таа вели дека до крајот на овој месец ќе имаат јасен преглед за тоа колку точно мигранти има кои лани дошле во земјата. Таа вели дека напролет сите барања ќе бидат разгледани, освен оние со непотполна документација. Во Германија минатата година се регистрирани 1,1 милион мигранти. Процедурата за добивање азил во Германија трае неколку месеци.

XS
SM
MD
LG