Достапни линкови

Чавушоглу обвинува - ЕУ има двојни стандарди


„Турција е загрижена поради двојните стандарди што Европска унија ги применува на нивната земја по неуспешниот обид за воен удар и вршат притисок врз Владата да ги прекине пристапните преговори со ЕУ“, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу на стратешкиот форум на Блед. Тој ја обвини ЕУ дека ги критикува соседите, а самата не знае да прифати критики.

„Турците се разочарани што нема посети или соопштенија во знак на поддршка по обидот за пуч во јули. Турскиот народ гледа двојни стандарди. Ние сме под огромен притисок да ги прекинеме преговорите,“ посочи Чавушоглу.

XS
SM
MD
LG