Достапни линкови

Ѓукановиќ: Демаркацијата на границата е проблем на Косово


Црногорскиот премиер, Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека демаркацијата на границата на Црна Гора и Косово е внатрешно прашање на Косово. Тој вели дека неговата земја, што се однесува до демаркацијата, направила се што требало и дека нема никакво недоразбирање по тоа прашање со властите во Косово. Косовската влада минатата недела го повлече предлогот за демаркација од дневен ред во Собранието оти немаше поддршка од две-третини од пратениците. Опозицијата во Косово се противи на демаркација со Црна Гора, затоа што велат дека на тој начин земјата ќе остане без дел од територијата. Ѓукановиќ вели дека Црна Гора ќе покаже добра волја ова прашање да заврши на начин кој е добар за двете страни. Тој вели дека неговата земја нема интерес ниту за еден метар од друга територија, освен за својата.

XS
SM
MD
LG