Достапни линкови

Наумов реагира на денешното задолжување


Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, преку соопштение реагира на денешната аукција на државни хартии од вредност во износ од 34 милиони евра. Со тоа, според него, е зголемен јавниот долг за нови 5 милиони евра, бидејќи за враќање доспеваат 29 милиони евра.

Во реакцијата укажува дека секое вакво задолжување на Владата без согласност на дополнителниот заменик министер за финансии е незаконско. Предупредува дека ќе ги искористи сите правни средства што стојат на располагање за да го оспори, како што наведува, ваквото незаконско задолжување на товар на граѓаните.

Посочува дека сите задолжувања што оваа Влада ги прави ќе мора да бидат преиспитани посебно во предизборниот период.

Денешната аукција на државни записи е согласно календарот на аукции за државни хартии од вредност. Средствата кои се јавуваат како разлика помеѓу побараните на проспектот и реализираните со аукцијата ќе останат како депозит за следната година, стои во соопштението од Министерството за финансии во однос на реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов.

XS
SM
MD
LG