Достапни линкови

logo-print

МНР во контакт со турските власти за сообраќајката кај Малкара


Илустрација.

Илустрација.

Генералниот конзулат на Макeдонија во Истанбул е во постојан контакт со турските власти и болници во врска со сообраќајната несреќа што се случи ноќеска во Турција, а во која учествувал македонски туристички автобус. Од МНР за МИА информираат дека се прават максимални напори што е можно побрзо да се обезбедат целосни информации во врска со сообраќајната несреќа и здравствената состојба на повредените.

Според досегашните информации, ноќеска околу 12:30 часот по локално турско време се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувал македонски туристичи автобус, кој бил управуван од македонски државјанин, од агенцијата „Богат Транс“.

Во несреќата животот го загубил еден македонски државјанин, додека 17 патници се повредени. На еден човек му е извршена операција, но не е во животна опасност, појаснуваат од МНР. По несреќата во болница биле однесени 17 луѓе, од кои десетина биле потоа пуштени, а во текот на денот ќе бидат пуштени и останатите, кои се со помали повреди.

XS
SM
MD
LG