Достапни линкови

Во Киргистан уапсени луѓе за нападот на Кинеската амбасада


Киргистанските власти соопштија дека уапсиле организатори на нападот на Кинеската амбасада во Бишкек. Нападот го планирале еден државјанин на Киргистан и еден на Узбекистан, велат од Државната комисија за национална безбедност. Од таму соопштија дека напаѓачот е 33-годишен етнички Ујгур кој имал таџикистански пасош. Тој бил член на исламското движење на Источен Туркистан.

Автомобил бомба удри во портите на Амбасадата на 30 август, при што возачот загина, а тројца вработени во амбасадата се повредени. Според киргистанските власти терористичкиот напад бил инициран од страна на неколку ујгурски терористички групи кои се борат рамо до рамо со милитантите на Ал Нусра во Сирија.

XS
SM
MD
LG